Астероид денеска ќе помине блиску до Земјата!
На 15 февруари или 16-ти, во завосност од тоа каде се наоѓате, голема вселенска карпа со пречник од 45 метри, наречена 2012 DA14, ќе помине покрај земјата, во најблиската средба со астероид од оваа големина што некогаш е забележана.
Движејќи се со брзина од 7.8 километри во секунда, астероидот, ќе се приближи на 27,700 километри. Ова можеби звучи далеку, но влегува во орбитата на геосинхроните комуникациони сателити што кружат околу планетата.
Луѓето во Азија се најдобро позиционирани за набљудување на астероидот.
Сликата ја покажува неговата патека на ноќното небо што ќе може да се види од Хонконг.
Сигурно ќе биде тешко да се забележи. Ќе биде преслаб за да може да се види со голо око. Темно небо и телескоп или двоглед би требало да го откријат.
Но, бидете брзи бидејќи ќе се движи многу брзо. Кога ќе биде најблиску (во 19:24 часот по стандардно време (Гринич) што е 3:24 наутро во Хонконг), секоја минута ќе поминува парче небо речиси двапати поголемо од дијаметарот на полната месечина./Н.Р
Извор : Ekonomist