Силата е со него: „Империјата го возвраќа ударот“ во дневна соба!

Објавено: 17 февруари, 2013, во 11:26 часот

Четириесет годишен обожавател на „Војна на ѕвездите“  ја претвори дневната соба во макета на битката на Хот од „Империјата го возвраќа ударот“ со сите детали експлозии, чад и оган.

Зачудувачкиот модел сеуште не е завршен, но од фотографиите можете да видите дека веќе е импресивна глетка, создадена да го импресионира секој обожавател на филмскиот блокбастер од 1980 година.

Деталниот модел е дело на Бари, обожавател на филмот кој на социјалните мрежи како Фексбук и Јутуб  под името Зипиди Дуда  известува за напредокот во изградбата на моделот.

Бари кој е женет и има два сина, посвети 43 метри квадратни од неговата дневна соба на омилениот проект што очигледно му одзема многу време и многу креативност.

Во филмот, битката на Хот се случува кога галактичката империја предводена од Дарт Вејдер открива дека алијансата на бунтовниците се крие на далечниот замрзнат свет Хот.

Нападот на силите на империјата ја уништува базата на бунтовниците, но не пред елитната ескадрила под команда на Лук Скајвокер да успее да уништи неколку „АТ-АТ“ пешадиски сили.

Бунтовниците ќе претрпат тешки загуби, но некои успеваат да побегнат, вклучувајќи ја принцезата Леја.

Впечатливиот модел на Бари има се: АТ-АТ пешадија, возила за снег,  дроид сондата на империјата, трупите на снегот, војската на бунтовниците./Н.Р

 

Извор: Daily Mail

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.