Грчките новинари и денеска на протест!

Објавено: 20 февруари, 2013, во 08:22 часот

Синдикатот најави нов 24-часовен штрајк откако грчкиот суд штрајкот на новинарите го прогласи за незаконски.

Новинарите со штрајкот протестираат против владините мерки за штедење и вчера минимално известија за посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд на Грција.

Власта ја обвини главната опозициска партија – Коалицијата на радикалната левица Сириза за поттикнување на протестот со цел да дојде до информативен мрак за посетата на францускиот претседател.

Државната телевизија пристигнувањето на Оланд на аеродромот во Атина и пречекот од Самарас и членовите на неговиот кабинет ги прикажа во живо, но без коментар, како и заедничката прес конференција на двајцата лидери.

Судот одлучил дека штрајкот е незаконски и го принуди новинарскиот синдикат да го откаже.

 

Извор: Радио Слободна Европа

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.