Премиерот на Бугарија, Борисов поднесе оставка!
Објавено: 20 февруари, 2013, во 08:39 часот
Бугарската влада поднесе оставка после протестите низ земјата против мерките за штедење и високите цени за струја, пренесува Дарик њуз.
Премиерот Боико Борисов во бугарскиот Парламент изјави: Нема да учествувам во влада која со полиција тепа народ“.
Оставката на Бугарската влада се случува на четири месеци пред закажаните редовни парламентарни избори и седум дена по започнувањето на протестите на граѓаните против високите сметки за струја.
Сега треба да се формира нова, привремена влада во која Борисов нема намера да учествува.
Синоќа во центарот на Софија дојде до судири на групи демонстранти со полицијата кога беа повредени 11 лица а 23 приведени.
