Претприемачите од силиконската долина најавија награда за поттик!
Објавено: 22 февруари, 2013, во 14:34 часот
Аристрократите од силиконската долина Марк Цукенберг, Сергеј Брин и Јури Милнер заеднички ја воспоставија најголемата годишна награда во историјата на научните награди за да ги поддржат истражувањата за лекување на болести и продолжување на човечкиот живот.
Новосоздадената награда за поттик на Фондацијата „ Life Sciences“ вчера ги најави првите 11 добитници на наградата наменета да внесе возбуда во понекогаш осамените, недоволно финансирани истражувања во борбата против ракот, дијабетисот, паркинсоновата и други болести.
Цукерберг кој го основаше Фејсбук, Брин, коосновач на Гугл и Милнер –инвеститор, посегнаа во своето богатство за да спонзорираат награди од кои секоја е вредна три милиони долари.
За споредба, вредноста на Нобеловата награда е еден милион и сто илјади долари.
„Со мапирањето на секвенцата на геномот се очекува значителен напредок во следните 10 до 20 години, па мислам дека е вистинско време за создавање на иницијатива за најдобрите научни умови“ изјави Милнер за „Гардијан“ пред објавата на наградата.
Рускиот интернет инвеститор кој ја напушти работата како доктор на науки по физика и инвестираше во социјалните мрежи ги убеди своите пријатели милионери да придонесат за иницијативата и да ја охрабрат новата генерација молекуларни биолози и генетичари.
„Се надевам дека младите луѓе ќе ја сватат пораката дека кариерите во спортот и забавата не се единствените области што можат да добијат јавно признание“, рече Милнер.
Честа да ги најави првите 11 научници што заеднички ќе добијат 33 милиони долари ја имаше Цукенберг кој стана познат откако во 2009 купи акции во Фејсбук вредни 200 милиони долари.
Тој го вклучи и Брин, руско-американски претприемач и покрај специфичните односи со Гугл. Четвртиот спонзор е сопругата на Бриф, Ан Војциски.
Тие ќе ги поделат трошоците за воведните 11 награди и петте следни годишни награди во вредност од 15 милиони долари.
„Јури го изведе ова“, рече Арт Левинсон, првиот човек на „Ејпл“ кој ќе ја води новата фондација. „Во силиконската долина се склучи необичен филантропски сојуз. Колку што знам, ова досега не се случило“, изјави тој./Н.Р
Извор: Гардијан
