Во Полска куче спасило изчезнато девојче!

Објавено на 2 март, 2013 во 22:03

Тригодишната Јулија која се изгубила во поле ја спасило кучето така што цело време било покрај неа и спречило во дождливата ноќ да замрзне на температурата која била 5 степени од нулата.

Девојченцето Јулија која исчезна вчера ,пронајдена е денес(сабота) во полето на оддалеченост од неколку километри од нејзиниот дом со кучето кое лежело покрај неа.Пожарникарите кои ја пронашле малата Јулија  сметаат дека на температура од минус 5 степени преживеала само благодарение на тоа што кучето цело време било покрај неа и си играле притоа не дозволувајќи и да заспие и да замрзне надвор,пренесуваат медиумте.

 

Девојченцето со кучето пешачеле цела ноќ,си играле и така ја одржало топлината на телото.Јулија во моментов се наоѓа во болница.Близу 200 луѓе биле вклучени во нејзина потрага,која ја минала ноќта лутајќи по полињата и шумата близу нејзиниот дом во селото Пјержин,Полска а ја пронашле пожарникарите кои ја слушнале како плаче и ја бара мајка си./ Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.