Словенците денеска повторно излегуваат на улица против елитите!
Под мотото „Четврто сесловенско востание“ денеска во Љубљана ќе се одржат нови демонстрации на граѓаните против политичката и економска елита.
Почетокот на демонстрациите се закажани за 15 часот и ќе се одржат на Конгресниот трг во Љубљана.
Љубљанско дело ја пренесува изјавата на еден од организаторите на протестите Урош Лубеј во која тој рекол дека нема никаква причина со заминувањето на Јанша да престанат протестите.
„ Клиентилизмот и корупцијата се испреплетени од двете страни на политичките полови. Денешното востание е многу важно бидејќи ќе укаже дека на луѓето не им е само до заминување на Јанез Јанша туку дека ги интересираат темелни промени во системот. Ниту Аленка Братушек никогаш не се дистанцирала од Зоран Јанковиќ кој според Комисијата за спречување корупција дејствувал подеднакво коруптивно, како и дека со тоа Позитивна Словенија покажала еднаков однос спрема јавната функција каков што имаат Јанша и Словенечката демократска партија,“ рекол Лубеј.
Демонстрантите и денеска ќе бараат оставки од „неспособната и корумпирана политичка елита“ и предвремени избори во Словенија. / Б.Н
Извор : Дело
