Ниш : Внимание, украдена „опасна“ ракија!

Објавено на 1 април, 2013 во 16:14

Од магацинот за лозарство и овоштарство во Ниш е украден алкохолен пијалак на претпријатието  “Живадиновиќ”,одземено во 1998 година бидејќи е опасно по здравјето на луѓето.

Според првичните информации,за време на викендот,украдени се шишиња со „лозова“,„бренди крушковац“, „лимон вотка“ и пијалак „лоза природна“,соопштија денес од полициската управа во Ниш.

Одтаму апелира до граѓаните доколку забележат алкохолен пијалак од производителот „Живадиновиќ“ веднаш да известат.

Врз основа на решението на Окружниот суд во Ниш од 1998 година,опасната ракија се наоѓал во магацин во центарот на градот, на булеварот цар Константин а сопственикот на претпријатието Мирослав Живадиновиќ тогаш беше уапсен заради сомневање дека извршил тешко дело против здравјето на луѓето и други сродни дела,наведуваат од полицијата./Б.Н.Т

Извор: Танјуг

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.