Ексклузивно: Протекоа милиони информации -откриени тајните на богатите!
Протекувањето на податоци од офшор финансиската индустрија го откри идентитетот на илјадници анонимни богаташи од целиот свет.
Британските девствени острови, водечкиот офшор рај во светот ги користат голем број владини структури и богати семејства за да го сокријат нивното богатство.
Милиони интерни записи протекоа од документите на британската офшор финансиска индустрија за првпат откривајќи го идентитетот на илјадници сопственици на анонимно богатство од целиот свет.
Од претседатели до моќници, ќерката на озлогласен диктатор до британски милионер обвинет дека го крие богатството од поранешната сопруга.
Протекувањето на 2 милиони мејлови и други документи, воглавно од офшор рајот, Британските девствени острови има потенцијал да напарави сеизмички шок кај уживателите во офшор трговијата низ целиот свет.
Поранешниот водечки економист Мекинси проценува дека богаташите во поморските рајови држат околу 32 трилиони долари. Во Франција, Жан Жак Огие, близок пријател и сметководител во камапањата на претседателот Франсоа Оланд беше принуден јавно да го објави свој кинески бизнис партнер. Се испостави дека и Оланд е заглавен во финансиски скандал бидејќи неговиот поранешен министер за буџет 20 години криел сметка во швајцарска банка и постојано лажел за тоа.
Во Монголија, поранешниот министер за финансии и заменик претседател на парламентот изјави дека можеби ќе се повлече од политиката поради оваа истрага. Но и обајцата сега за првпат можат да бидат посочени поради користењето на компании во офшор рајот, особено на Британските девствени острови каде нормално, идентитетот на сопствениците останува тајна.
Имињата се откриени во проектот на меѓународен конзорциум на истражувачки новинари со седиште во Вашингтон во соработка со „Гардијан“ и други меѓународни медиуми кои оваа недела заеднички ќе ги објавуваат имињата.
Проектот со имињата може многу да им наштети на најбогатите луѓе во светот кои ја кријат големината на своето богатство од владите и од соседите. Помеѓу клиентите на Девствените острови се Скот Јанг, милионер поврзан со неодамна починатиот олигарх Борис Березовски. Јанг е во затвор поради обидот пред судот да го сокрие имотот од својата поранешна сопруга. Адвокатот на Јанг, кого тој го овласти, се чини ги контролира интересите во компанија на Девствените острови која поседува потенцијално профитабилен бизнис во Москва, проценет на 100 милиони долари.
Друго лице кое е во затвор е измамникот Ахилеас Калакис. Тој користел лажни компании од Девствените острови и банкарски заеми во рекорден износ од 750 милиони фунти. Новите податоци за Девствените острови содржат повеќе од 200 гигабајти и покриваат повеќе од една декада на финансиски информации за глобалните трансакции на приватните корпоративни агенции на Девствените острови. Исто така вклучуваат податоци за нивните зделки со Сингапур, Хонконг и островите Кук во Пацификот./Н.Р
Извор: Гардијан
