Дејвид Камерон повика да се преземат мерки на Девствените острови!
Тајниот офшор рај е „дамка на лицето на Британија“ велат либерал демократите додека се множат доказите за директори шарлатани и скриената готовина.
Премиерот е под притисок да дејствува против тајната британска офшор индустрија пред јунскиот самит на Г8 , поради постојаното истекување на информации кои покажуваат дека политичари и тајкуни од целиот свет ги користеле Британските девствени острови за криење пари
Најново име е премиерот на Грузија, Биџина Иваншвили заедно со познати пакистански, индиски, тајландски и индонезиски личности. Свежи се доказите дека Британци работеле како директори на компании со седиште во офшор рајот како што се Девствените острови.
Висок претставник на либерал демократите изјави дека протокот на информации покажал дека тајниот рај, Девствените острови се „дамка на лицето на Британија“ и ги повика антикорупционерите да преземат мерки.
Лорд Окшот од редовите на либерал демократите и поранешен портпарол на Министерството за финансии рече. „Како Дејвид камерон“ има образ да ги повикува Г8 да прават бизнис од плаќањето даноци кога дозволуваме Девствените острови да ги користат британските закони и британската заштита за да цицаат милијарди валкани пари?“. Тој праша: „Колку пари им платиле Британците на корумпирани земји како Пакистан кои се кријат зад месинганите плочи на Девствените острови?“.
И покрај растечкиот број докази дека британски директори си ги продавале имињата како покритие за офшор тајните, Одделот за бизнис, иновации и вештини во Обединетото кралство (BIS) вели дека политичарите се колебаат да преземат мерки против нив.
Заменик директорот на BIS, Џо Шенмугалингам веќе го достави извештајот за скандалот со измамниците директори до министрите.
Потегот уследи по истрагата на Гардијан и BBC со протокот на информации кои открија дека дваесетина Британци кои дале таинствени офшор адреси, контролирале илјадници компании./Н.Р
Извор: Гардијан/БИ БИ СИ
