Грција: Штрајк на вработени во поморскиот и железничкиот сообраќај!
Грција е парализирана откако е запрен сообраќајот на бродовите и возовите. Сите вработените во овие сектори учествуваат во 24 часовен штрајк за 1ви Мај, меѓународниот ден на трудот.
Oрганизатори на штрајкот се двата најголеми синдикати во земјата, на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ и во државниот сектор АДЕДИ.
Денеска се одржа и голем протест пред зградата на Парламентот од страна на синдикатот ПАМЕ.
Фериботните компании поради празниците испланира вонредни маршрути и измени на часовите на сообраќање со цел да ги опслужат патниците за време на првомајските и велигденските празници.
Проблеми во сообраќајот има и во Атина каде автобусите и тролејбусите се движат од девет до 21 часот, по што возачите ќе се вклучат во штрајкот. Метрото почна со работа во девет часот, но не сообраќа до меѓународниот аеродром./Б.Н.Т