Продолжува бранот на самозапалување во Бугарија!
Објавено на 1 мај, 2013 во 14:55
Денеска се самозапали 47-годишен маж во бугарскиот град Смољан, во јужниот дел на Бугарија. Тој се наоѓа во животна опасност, пренесоа бугарските медиуми.
– „Венцислав Козарев е префрлен во болница во критична состојба, бидејќи се здобил со изгореници од трет степен на повеќе од 70 отсто од телото, “ изјави началникот на полицијата во Смољан, Кирил Хаџихристев.
Причина за самозапалувањето биле „лични проблеми“, соопшти полицијата која откри дека жртвата бил во период на развод.
Денешното самозапалување е седмо годинава во Бугарија. Петмина од вкупно шесте Бугари кои претходно се самозапалија починале. Тројца од нивимале политички барања, додека останатите ги натерала сиромаштијата./Б.Н.Т