Тирана: Синдикален протест за работнички права!
Објавено на 1 мај, 2013 во 15:05
Протести по повод одбележувањето на Денот на трудот денеска одржа Конфедерацијата на синдикатите во Тирана.
Протестот се одржа на плоштадот „Непознат војник“, каде Синдикатот вети дека ќе се бори против искористувањето на правата на работниците кои до сега добивале мали плати, им биле загрозени работните места и со тоа нивните животи.
1-ви Мај во Тирана со протест го одбележа и Комунистичката партија кој се одржа на улицата „Драч“ при што учесниците, држејки пароли, се задржаа пред зградата на Театарот и операта./Б.Н.Т