Земјотрес во Романија!
Објавено на 2 мај, 2013 во 15:14
На подрачјето на планината Вранча, во Романија денеска е регистриран земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти романскиот Национален институт за геофизика.
Потресот бил на длабочина од 150 километри под површината на земјата, а најблиски градови до епицентарот се Ковасна, Фокшани, Ромнику Сорат, Торгу Секвиеск и Морошешт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.