ОБСЕ ги повика владите да ги заштитат новинарите!
Објавено на 3 мај, 2013 во 17:41
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ ги повика државите – членки да преземат соодветни чекори и мерки за заштита на новинарите и нивните права, пренесе 24 вести.
-„Загрижувачки е фактот што во 21 век одбележуваме уште еден ден на слобода на медиумите во кој тема е безбедноста на новинарите. Заканите, заплашувањата и физичките напади врз претставниците на медиуми ескалираат,“ рече денеска Мијатовиќ на конференцијата на УНЕСКО во Сан Хозе.
Мијатовиќ заедно со три известители за слобода на медиумите од ОН, Организацијата на американски држави и Африканската комисија за човечкови и граѓански права, кои присуствуваа на конференцијата на УНЕСКО покрена заедничка декларација за заштита на слободата на изјаснување.