Ново беспилотно летало преставено во Иран!
Објавено: 10 мај, 2013, во 08:05 часот
Иран го престави новото беспилотно летало наречено „епик“ кое служи за извидување но и за напади, јавија иранските медиуми.
Министерот за одбрана, генерал Ахмад Вахиди рекол дека леталото може да лета на голема висина и дека е авион кој непријателот не може да го воочи на радар.
Иран на 18 април промовираше уште три модели на безпилотни летала.
„Тоа се моделите „троун“, „хазем 3“ и „мохаџер-Б“ од кои првиот може да носиу ракети воздух -воздух, рекол тогаш генералот Амир Фарзад Есмаили.
