Спречен атентат врз вселенскиот патријарх Вартоломеј!
Објавено на 10 мај, 2013 во 19:59
Турскиот телевизиски канал НТВ јави дека за 29 мај бил планиран атентат врз цариградскиот и вселенски патријарх Вартоломеј.
Датумот бил симболичен, пред 560 години, Турците го освоиле византиски Цариград, пренесе Верската информативна агенција (ВИА).
Турската полиција уапсила еден маж, а по двајца негови помагачи се трага, Турските власти ги зајакнаа мерките за безбедност околу Вселенската патријаршија во Истанбул.
Цариградскиот патријарх се наоѓа под посебна заштита. Досега се осуетени неколку планирани атентати врз него. Вартоломеј Архондонис за вселенски патријарх е избран во 1991 година.