БиХ погодена од силно невреме!

Објавено: 12 мај, 2013, во 15:27 часот

Олуја со силен дожд, град и ветар од вчера беснее во Босна и Херцеговина. Најпогодена е тузланската област.

Поради поплавите евакуирани се граѓани од населбата Црвене Њиве поради страв од лизгање на земја, западниот дел на градот бил отсечен поради водена стихија и не било можно да се стигне до болницата во населбата Креки.  Невремето направило голема штета на домовите и земјодејските посеви.

Улиците се претвориле во реки од големата количина на дожд, излевање на реките и активирање на поземјите води.

На планината Бјелашница утрово паднал снег додека во останатите делови на Босна и Херцеговина врне дожд.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.