Борисов победи на изборите во Бугарија – победата пирова?!
Со тесна победа од околу 3 до 4 проценти, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија, јавуваат агенциите.
Партијата на Борисов, „Герб“ освоила нешто над 30 отсто од гласовите што ќе и донесе околу 97 пратенички мандати од вкупно 240 члениот парламент, јавуваат бугарските агенции.
„Коалицијата за Бугарија“, во која доминираат социјалистите е на второ место со најмногу 85 пратеника, додека ДПС освоила околу 11 отсто од гласовите.
Според „БТА“ на трето место е турската партија „Право и слобода“, а на четврто место е националистичката „Атака“.
Според агенцијата „Галуп“ пак шансите за влез на другите партии во Парламентот се многу мали.
Агенциите јавуваат и за излезност од околу 48 проценти, што се смета за рекордно ниска излезност.
Во меѓувреме и анкетите покажаа водство на партијата на поранешниот премер Борисов.
На предверемните парламентарни избори во Бугарија право на глас имаа речиси 7 милиони граѓани.
Но, како што пренесе Капитал, илјадници новинари, политичари, аналитичари, претставници на бугарската бизнис елита и на дипломатскиот кор се собрани и во перфектна организација и силно обезбедување ги следат првите прес конференции на партиите, после затворањето на гласачките места.
Разни шпекулации, средби, кафе – муабети, пијачки и првични прогнози можат да се слушнат од главните лидери на бугарската политичка сцена. Тука паѓаат и првите договори.
Во секој момент се очекуваат тука да пристигнат лидерите на ГЕРБ и на БСП, Борисов и Станишев, кои со оглед на фактот дека сите опции се отворени тактизираат со своето појавување во јавност.
До пред два часа, пред зградата на НДК имаше демонстрации на невладиниот сектор кои ја предизвикаа и оставката на Борисов. Собраните со факели оган во рацете бараа економска стабилност за земјата.