Британија: Скандал со местење на цената на нафтата!

Објавено: 16 мај, 2013, во 07:46 часот

Шефовите на нафтените гиганти вмешани во скандалот со  местење на цената на нафтата можат да завршат во затвор ако се докаже дека се виновни, предупреди Дејвид Камерон.

Британските медиуми пренесоа како Камерон рекол дека според новиот закон компаниите и нивните директори ќе се соочат со „големи последици“ ако ги оштетиле возачите со изгор цени на нафтата. Неговите остри зборови уследија по истрагата во лондонските канцеларии на „Бритиш петролеум“ и „Шел“-компании што годинава направија мултимилијардерски профит,а истражителите ги сомничат за местење на цената, пренесе Мирор.

Има стравувања дека милиони возачи речиси една деценија  натплаќале многу над реалната цена на нафтата и дизелот. Истражителите сметаат дека можното вештачко одредување на  цените на нафтата резултирало со големи трошоци на бензинските пумпи.

Обвиненијата се однесуваат на местење на цените од 2002 година наваму. Оттогаш до денес, цената на нафтата порасна за зачудувачки 80% со просечни 135 фунти за литар.

Скандалот не ги засега само возачите.  Анализата се однесува на процесот на утврдување на цени што го водат специјалистите за информации во „Платс“. Бројките до кои доаѓа оваа и други слични агенции се користат како водич за цените во широката потрошувачка на нафтените производи.

Така местењето на цените можеби влијаело на се, од гасот до хемикалиите употребени за производство на пластика во производите што сите ги користиме. Истрагата во „Платс“ во Лондон е дел од истрагата што низ целиот континент ја водат властите од Европската комисија надлежни за конкурентност./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.