Бил Гејтс пак е најголем богаташ!
Објавено на 17 мај, 2013 во 19:04
По пет години Бил Гејтс повторно стана првиот богаташ на планетата. Тој се искачил на првата позиција на листата на најбогати луѓе по индексот Блумбег за милијардери.
Тој го држеше првото место од 2007 година, а тогашното богатство било проценето на 72,7 милијарди долари. Во однос на минатата година богатството пораснало за 15 проценти.
Гејтс, кој е основач на „Мајкрософт“ ја доби титулата најбогаташ откако акциите на компанијата, оваа година пораснале за 28 проценти.
Гејтс го презема водството од мексиканскиот тајкун Карлос Слим (73) чии акции во компанијата Америка Мовил, паднаа за 14 проценти.