Опасни ли се српските јаболки?
Сериозна дилема се наметна откако премиерот на Русија, Медведев во јавноста излезе со тврдење дека српските јаболка се опасни. Од српското министерство ги демантираат ваквите тврдења и нагласуваат дека во 2013 година ниедно овошје и зеленчук не им биле вратени.
„Фитосанитарната инспекција оваа година зема повеќе примероци од различни сорти на јаболка со цел да се испита количеството на пестициди. Резултатите од анализите покажаа дека остатокот на пестициди на јаболката е во склоп со важечкиот правилник“ објаснуваат од српското министерството за земјоделство.
Од здружението “Плодови Србија“ пак, истакнуваат дека до сега не се сличило да имаат никакви посериозни проблеми околу трговијата со овошје со Русија и дека на тој пазар минатата и оваа година во првите два месеци се извезени скоро 70.000 тони јаболка.
Сепак податоците на руски Ростат покажуваат дека за девет месеци од крајот на 2012-та и почетокот на 2013-та година од Србија во Русија е извезено 31.000 тони што е драстично намалување.
Статистиката покажува дека рускиот пазар е мошне значаен за српските земјоделски производи. 90 до 95 отсто од вкупната извезена количина на јаболка од Србија во 2012 година и во првите два месеци од оваа година завршиле токму на рускиот пазар.