Пијан влегол во зоолошка градина и на смрт претепал еден мајмун!
Мајкл Воткинс (22) од Вајсер во Ајдахо (САД),татко на седуммесечен син осуден е на едногодишна програма на превоспитување во државниот затвор бидејќи во пијана состојба упаднал во зоолошката градина Боа и ан смрт претепал еден од двата мајмуни кои биле таму од расата патас.
Спрема наводите на тужбата, Воткинс после неумереното опивање со еден пријател во градските барови дошол на оригинална идеја да упадне во зоолошката градина и да украде мајмун.
Бидејќи успешно се справил со бравата и влегол во кафезот за мајмуни,успеал еден од патас мајмуните да го смотка во својата јакна и се обидел така замотан да го префрли преку оградата. Животното меѓутоа,давало отпор,се ослободило од јакната и почнало да бега а Воткинс во бркотницата по него изгубил контрола,па кога конечно го стигнал мајмунот со мотика и со нозе го удирал по главата и горниот дел од телото,за потоа да си замине и да го остави кутрото животно од здобиените повреди да загине.