(ВИДЕО) Се сруши авион на аеромитинг, загина пилотот!
Објавено на 19 мај, 2013 во 15:13
За време на аеромитингот во Адана – Турција се урнал мал авион при што загинал пилотот. Причините за несреќата сеуште се утврдуваат, јави Радио Слободна Европа.
Аеромитингот бил организиран по повод денешниот празник на младоста и спортот во Турција.
Празникот се одбележува и како Ден на сеќавањето на Ататурк. Во цела Турција се одржуваат ученички манифестации, спортски настани, концерти и фестивали.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=2cp1gcScoMM{/youtube}