Американецот оптужен за шпијунажа ја напушти Русија!
Објавено на 19 мај, 2013 во 22:08
Рајан Фогл денеска ја апушти Русија, пет дена откако му беше наредено да си замине од земјата, јави руската телевизија НТВ.
Телевизијата емитувала видео материјал на кој наводно се гледа како Фогл ја минува контролата на московскиот меѓународен аеродром Шереметјево.
Руските безбедносни служби во вторникот јавија дека Фогл, трет секретар на политичкиот оддел во амбасадата на САД, бил фатен при обид за регрутирање на руски агент. Фогл беше прогласен за непожелен и му беше наложено да ја напушти земјата.
Амбасадата на САД одбила да го коментира случајот.