Во Јута се гради лебдечка црква!
Ова наликува на модерно чудо. Можете да им простите на луѓето што одблиску сакаат да ја видат зградата што лебди.
Храмот Прово, во Прово, Јута беше уништен во пожар во декември 2010-та.
Наместо да ја урнат целата зграда, жителите одлучија да го задржат екстериерот на објектот стар 130 години и затоа структурата тешка 3500 тони ја поставија на челични столбови високи 40 метри.
„Луѓето се восхитуваат кога ќе го видат градилиштето“ вели менаџерот на проектот Енди Кирби. „Тие не виделе нешто вакво порано. Велат дека личи на нешто нереално и се воодушевени што можеме зградата да ја подигнеме на столбови“.
И покрај тоа што техниката на подигање со столбови е користена и на други локации ширум светот, луѓето вклучени во проектот сметаат дека тоа не е направено на зграда стара 130 години.
„Чувствуваме дека ова е најдобриот начин да ја заштитиме и зачуваме структурата на оригиналниот храм, додека ја градиме внатрешноста на новиот храм како и просторот под него“, вели Енди Кирби, менаџерот на Црквата на Исус Христос. „Како градежен проект е единствен во светот“.
Инжинерите користат монитори и сензори за постојано да бидат свесни за промените во подигањето на структурата и влијанијата врз материјалот. Храмот Прово е историско наследство на црквата. Изграден е во периодот од 1883 до 1898 со фонд од 100.000 долари. Тој е собирно место на заедницата и тука се одржуваат културни настани./Н.Р