Драма во катедралата Нотер Дам во Париз: Маж оставил писмо на олтарот и се пукал во уста!
Објавено на 21 мај, 2013 во 20:18
Вистинска драма се случила денеска во една од најпознатите катедрали на светот. Повеке од 1.500 посетители биле евакуирани откако маж влегол во катедралата Нотер Дам, оставил писмо на олтарот, извадил пиштол и си пукал во уста. Починал на лице место.
Ректорот на катедралата, потврдил како ова бил прв случај на самоубиство во оваа катедрала откако е изградена. “Ова е голема трагедија, драма, шок,“ рекол ректорот. Полицијата не ги открива мотивите за самоубиството како и содржината на писмото.
Марин Ле Пен, на својот твитер профил, известила дека жртвата е 78 годишниот Доминик Веннер, историчар и екстремен десничар кој во Франција е познат по своите критики за социјалистичката влада поради донесениот Закон за истополови бракови.