БИХ:Министерот излегол пред демонстрантите и си поднел оставка!
Во Сараево, во вторникот, се собраа над 2 илјади просветни работници кои маршираа пред зградата на владата во знак на протест поради непотпишување на колективен договор.
При крај на протестот министерот за образование Дамир Марјановиќ си дал оставка а претседателот на Синдикатот на средното образование КС Фарук Бешлиќ, ги повикал останатите министри да си дадат оставка.
„Дојде до нешто што јас никогаш не сакав да се случи, просветни работници да излезат на улица за да си ги побараат правата. Имаше ли причини за штрајк, отворено ќе реќам не, имаше причини да се продолжат преговорите а министерството го трасираше тој пат,“ ја пренесува пораката на Маријановиќ, Кликс.ба
„Сметам дека мојата професионална етика и морална одговорност ме натераа на ваков чекор. Оставката не сакам никој да ја повлекува. Таа е конечна,“ порачал Маријановиќ.