СПЦ бара помош од власта и од Европа за ослободување на Вранишковски
Објавено на 22 мај, 2013 во 17:38
Соборот на СПЦ упати апел до власта во Србија и демократските институции во Европа да му помогнат на охридскиот архиепископ Јован Вранишковски да излезе од затвор.
„Архиепископот Вранишковски, заедно со Воислав Шешељ се луѓето кои најдолго време во Европа се наоѓаат во истражен затвор. Неговото затворањето е неправедно, здравјето му е загрозено и престојува во нечовечни услови. За утре е закажано уште едно од многубројните рочишта – рече портпаролот на СПЦ, владиката Иринеј.