ИАЕА: Иран ги проширува нуклеарните активности!
Иран остварил значаен напредок во проширувањето на нуклераната програма, вклучувајќи ново постројка која може да претставува начин за производство на материјал за нуклеарна бомба, се наведува во новиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).
Во најновиот четворомесечен извештај се тврди дека Техеран ја забрзал инсталацијата на напредна опрема за збогатен ураниум , како и дека го доопремил реакторот во Арак, кој сеуште не бил инсталиран.
Стравот на западните држави е главно фокусиран на постројките за збогатување на ураниум во Натанц и Фордов, бидејќи таквиот материјал би можел да послужи како јадро за нуклеарна бомба.
Во извештајот исто така се наведува дека Иран во Натанц инсталирал 700 центрифуги IR-2m во споредба со 180-те колку што ги имал во февруари.
.