(ВИДЕО) Се урна мост помеѓу САД и Канада!
Објавено на 24 мај, 2013 во 14:39
Мостот кој го поврзува Сиетл во САД со Канада и со северозападниот пацифички регион се урна и во реката паднаа неколку возила и луѓе, соопшти портпаролот на сојузната држава Вашингтон.
Нема жртви засега откако три лица беа спасени и веднаш хоспитализирани.
Мостот на кој се наоѓа автопат со четири ленти е стар повеќе од 50 години и се наоѓа на отприлика половина пат помеѓу Сиетел и Ванкувер во канадската држава Британска Колумбија.
Причината за уривање на мостот се уште не е позната, но Министерството за сообраќај на државата Вашингтон претпоставува дека уривањето на мостот било предизвикано од претовареност на камион.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=9ZAR7hbcBsA{/youtube}