Се слави Денот на младоста во повеќе градови на бивша Југославија!
Во селото Кумровец во хрватско Загорје, родното место на претседателот на СФР Југославија Јосип Броз Тито, денеска ќе се одржи традиционална прослава на Денот на младоста. Прославата пред родната куќа на Тито годинава има слоган „Во младоста е радоста – во радоста е младост“, пренесе Нови магазин.
Се очекуваат неколку илјади гости од Хрватска и околните држави. Се продолжува славењето на празникот посветен на младоста а не Титовиот роденден и секоја година манифестацијата има различна тема, појаснил претседателот на Сојузот на друштва „Јосип Броз Тито„ во Хрватска, Томислав Бадовинац.
Освен него на прославата ќе се пеат партизански песни и ќе настапат културно уметнички друштва од Хрватска и Словенија. Собирот во Кумровец има 15 годишна традиција на одржување.
Граѓаните на Босна и Херцеговина повеќе од една деценија, на 25 мај, се собираат во угостителскиот објект кои го носи името „Тито“ во Сараево.
Таму некогашното традиционално одбележување на Денот на младоста го прославуваат почитувачите на југословенскиот претседател, командант и државник кој се смета за една од најзначајните личности на 20 век на просторите на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, пренесе Е-новине.
Како и претходните години, се очекува повеќе илјади почитувачи на Титовиот лик и дела, да го посетат неговиот гроб во Куќата на цвеќето и Музејот на историјата на Југославија во Белград. Пред Музејот свечено ќе биде пуштена во употреба обновената фонтана „Младост“, пренесе Б 92.