Хрватска го претстави планот на прославата за влез во ЕУ!
Околу 120 највисоки преставници на земјите во регионот се поканети на прославата на 30 мај по повод влегувањето на Хрватска во Европската Унија, пренесе ХТВ.
Според најавите од Владата, на 29 мај е планирано одбележување на загребскиот плоштад Бан Јелачиќ каде ќе бидат присутни и странските преставници.
Пред полноќ присутните ќе ги поздрави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, а по полноќ и претседателот на државата Иво Јосиповиќ.
Во недела на 30 мај, на граничниот премин Бреган симболично ќе биде симната таблата ,,Царина“ а на Бајково ќе биде откриена плоча со натпис ЕУ, на влезот во Хрватска.
Два дена потоа на граничниот премин Пасјак, словенечкиот и хрватскиот министер за внатрешни работи Грегор Вирант и Ранко Остоич, ќе треба да го одбележат почетокот на работата на таканаречената “one stop controle“ кога полицајците на двете земји заедно ќе ги контролираат граѓаните кои ќе ја преминуваат границата. Свечена седница ќе одржи и Хрватскиот сабор.
На 3 јули, Хрватска, влезот во Унијата ќе го одбележи и во Брисел.