Француски војник избоден со нож во грло!
Непознат човек прободе со нож 38 годишен француски војник додека патролирал во бизнис делот Ла Дефенс, во западниот дел на Париз, на само четири дена откако во Лондон беше брутално убиен британскиот војник Ли Ригби.
Војникот во униформа патролирал уште со двајца мажи во рамките на антитерористичкиот план за надзор, кога вчера попладне околу 18 часот напаѓачот му пришол од зад грб и го убодел со нож или скалпел во пределот на вратот, пренесе Ројтерс.
Во тешка состојба бил пренесен во најблиската воена боница но е надвор од животна опасност, соопштија од полицијата во Париз.
Напаѓачот избегал од местото на злочинот и полицијата трага по него. Полициски извор изјавил за „Ле Паризијен“ дека осомничениот за нападот има северноафричко потекло, носи брада , има околу 30 години и на себе носел облека во арапски стил.