Запленет кинески лажен аспирин во Франција!
Објавено: 26 мај, 2013, во 12:52 часот
1,2 милиони дози лажен аспирин со потекло од Кина заплениле царинските власти во Франција. Тоа е најголемата пратка со фалсификувани лекови запленета досега на територијата на Европската унија, соопштија од Министерството за економија на Франција.
Според написите во француските весници, лековите биле скриени во пратка со чај. Откриените таблети аспирин не содржеле активни супстанции, туку главно гликоза во прав.
