ВИДЕО: Зимата се врати во Хрватска!
Објавено на 26 мај, 2013 во 15:41
Снежна покривка и до половина метар го најави летото во Хрватска, наместо карактеристичните високи температури. Циклонот Ела ја врати на момент зимата.
Најниската температура во земјата утринава била измерена во Биково, каде што живата во термометарот се спуштила 3 степени Целзиусови под нулата, но и на многу други места биле забележани температури кои што се сосема вообичаена појава само во зима.
Во Горски котар улиците биле со снежна покривка чија висина достигна и до 20 центиметри.
Најдебела снежна покривка е измерена на Биково, каде што снежните наноси достигнуваат висина и од половина метар.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=3DFuoRcr3M4{/youtube}