Експресно умират специјалците што го елиминираа Осама Бин Ладен!
За две години 23 од вкупно 25-те специјалци кои беа вклучени во операцијата за елиминација на Осама Бин Ладен, најбараниот терорист во светот умиреле. Нивната смрт е со неверојатна брзина. Се поставува прашањето дали е случајност или атенатат.
Од страна на семејствата на припадниците на морнаричките фоки се упатени обвиненија кон Белата куќа дека тие се жртви на атентат и дека се прикрива вистината.
Само три месеца по акцијата животот го загубија 17 припадници на оваа елитна единица во хеликоптерска несреќа во Авганистан. Семејствата на жртвите тврдат дека за нивната смрт одговорен е Вашингтон затоа што талибанците на време добиле детални информации за летот кои им биле потребни за уривање на леталото.
Во неколку инциденти кои потоа следувале загинале уште шест други припадници на елитната „Тим сикс“.