Протест во Романија поради „Шеврон“!
Објавено на 28 мај, 2013 во 07:30
Неколку илјади Романци вчера протестираа против плановите на американската компанија „Шеврон“ за експлоатација на природен гас во регионот Барлад во источна Романија, пренесоа романски медиуми.
-Имам три деца и сакам да пораснат во здрава животна средина со чиста вода.Експлоатацијата на гасот и се заканува на водата во реката – рекла 39 годишната болничарка Алина Секриеру.
„Шеврон“ добил концесија во тој рурален дел на Романија за отворање на нова работа, наведува агенцијата.
Добивањето на гас од шкрилци е забранет во Франција и Бугарија но сеуште се користи во некои држави на САД.
Заедничките резерви на гас на Романија, Бугарија и Унгарија изнесуваат околу 538 милијарди метри кубни и се најголеми во источна Европа.