Словачка ја оспорува „прашката шунка“ на Чешка!
Ако Чешка успее да го регистрира заштитниот знак за месниот производ под назив “Прашка шунка“, словачките производители на месо би се нашле во неповолна положба, затоа што и тие нудат производ познат по истото име, произведени на друг начин.
Словаците не се соласуваат чесите да го зашитита називот и веќе министерството за земјоделство на Словачка во Брисел испратило приговро.
Ако Европската Унија го регистрира називот „прашка шунка“ производителите во другите земји би требало да ги преименуваат своите производи или „прашка шунка“ да произведуваат според традиционални рецепти.
Во Чешка називот „прашка шунка“ се користи за шунка со наголем квалитет на месо добиено од свински бут. Обликот на шунката е овален, а друга специфичност е и начинот на сечење кој се нарекува прашки рез.
Европската комисија веќе го примила приговорот на словачкото министерство.Чешка сега има рок од три месеци да се договори со земјите кои го оспоруваат регистрирањето на називот.