За „Снимка“ ќе има истрага во Црна Гора!
Објавено на 1 јуни, 2013 во 07:58
Афера Снимка ја тресе Црна Гора во која се објавени аудио снимки од седници на органи на владејачката Демократска партија на социјалистите на кои е зборувано за употреба на државни ресурси во партиски цели, односно за вработување по партиска припадност.
Доцна синоќа пратениците од парламентот донесоа одлука за отворање парламентарна истрага и формирање анкетен одбор за аферата.
Тие донесоа одлуката Анкетниот одбор да го предводи претставник од опозицијата.
Претходно, Обвинителството на Црна Гора побара од министерот за правда и директорот на Заводот за вработување документација за сите кои непосредно пред парламентарните избори биле вработени.