Нов налет на разорно торнадо во Оклахома сити, загинаа пет луѓе!

Објавено на 1 јуни, 2013 во 09:20

Повеќе торнада го погодија,синоќа, Оклахома Сити, во кој загинаа пет луѓе додека голем број возачи на камиони се „заробени“ на автопатишта. Торнадата предизвикаа жестока бура.

Загинаа мајка и дете на автопат, западно од Оклахома Сити, кога нивниот автомобил бил уништен од налетот на бурата.

Автопатот е затворен откако се случиле повеќе сообраќајни несреќи во кои има повредено луѓе. Педесет луѓе се примени во болница  од кои петмина се во критична состојба.

Затворен е аеродромот во Оклахома Сити и 1.200 луѓе кои биле во него се префрлени во засолништа. 70 илјади луѓе се без струја во и околу градот. Метеоролозите прогнозираат дека невремето може да се пренасочи кон Мисури и Арканзас.

Удари на торнадо има и во гратчето Мор кое пред десетина дена натрада во силен налет кога загинаа 24 луѓе.

Властите стравуваа дека голем број луѓе особено возачи на камиони се на автопатишта и ги повикаа што е можно побргу да заминат во засолништа заради опасност од нов удар на торнадо.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.