(ВИДЕО) Турција: Двајца загинаа, дождот ги запре демонстрациите!

Објавено: 2 јуни, 2013, во 13:42 часот

Две лица загинаа и над 1000 се повредени во големите демонстрации во турскиот кварт Таксим против изградбата на трговски центар на местото на зелен парк, пренесуваат турските медиуми.

Според последните информации, силниот дожд кој денеска врне во Истанбул, бил причина да се разотидат демонстрантите и полицијата.

На терен се само комуналните служби кои го средуваат хаосот во истанбулскиот кварт каде се оштетени голем број деловни објекти, полициски и цивилни возила.

Демонстрациите во Истанбул избувнаа пред два дена во знак на протест против уништување на паркот во населбата Таксим, кои потоа прераснаа во незадоволство против актуелната власт.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=drAFXZCrP8Q{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.