Беснеат пожари во Калифорнија!
Објавено: 2 јуни, 2013, во 18:56 часот
За едно деноноќие, пожарите во Калифорнија се проширија на голема површина, пренесува Дејли мејл. Илјадници жители се исплашени за нивните домови, а пламените јазици се приближија до Ново Мексико.
Три пожари уништија обработливи површини и натераа илјадници жители да ги напуштат домовите зафатени од огнот во близина на Лос Анџелес и Санта Фе.
До денес, огнот што гори веќе 4 дена уништи 90 километри површина и претставува сериозна закана за над илјада куќи во областа околу езерото Елизабет.

Околу илјада пожарникари се борат да воспостават контрола над пожарите кои се шират со голема брзина.
Истовремено, пожарот во Пекос, во Саната Фе голтна површина од 25 километри и ги принуди сопствениците на 150 куќи да ги напуштат домовите.
Сувата земја и силниот ветер им ја отежнуваат работата на пожарникарите./Н.Р

