Едно лице загина на протестите во Турција!
Дваесетгодишниот Мехмет Ајвалитас е жртва во денешниот антивладин протест во Турција. Тој загинал кога таксито со кое се превесувал удрило во група демонстранти на булевар во Истанбул го нападнало такси возилото во кое момчето се превезувало. Инцидентот бил трагичен и за уште едно лице кое е во тешка состојба додека други тројца се полесно повредени.
Во главниот град, Анкара турската полиција употреби солзавец за да ги разбие демонстрантите. Со него беа растерани над илјада демонстранти кога се доближија до централниот плоштад Казалај скандирајќи „Таип поднеси оставка“.
Во Истамбул имаше нови судири меѓу демонстрантите и турската полиција. Синоќа уапсени се над 500 демонстранти.
Четврти ден не запираат масовните протести и нередите во Турција кои започнаа поради граѓанското незадоволство од одлуката на владата да исече 600 дрвја во парк во Истанбул за да изгради трговски центар.
По насилниот одговор на полицијата, демонстрациите се проширија на сите поголеми градови,во кои демонстрантите бараат оставка од владата на Ердоган.