Длабок бес против Ердоган на протестите во Турција!
Објавено: 5 јуни, 2013, во 07:49 часот
На вчерашните протести против владата кои веќе петти ден се одвиваат на плоштадот Таксим, 22 годишен студент рече дека чкртаниците со сино мастило се превентива против растечкото насилство на полицијата што доведе до двајца загинати и 1500 повредени лица од петокот наваму, објавува Вашингтон пост.
И покрај повлекувањето на полицијата и вчерашното официјално извинување, најголемите демонстрации во Турција во последниве години не покажуваат знаци на стивнување.
Како зборовите напишани на раката на Јасим, протестите кои се проширија низ целата земја се силен симбол на длабочината на бесот на јавноста и недовербата кон премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Булен Арилиза,специјалист на Центарот за стратешки и меѓународни студии кој живее во Вашингтон и Анкара рече дека се работи за акумулација на отпор кон засилениот авторитарен стил на Ердоган. За речиси декада, тој стана најмоќниот турски лидер кој направи впечатлива економска преродба на нацијата и ја направи Турција посигурен играч во надворешната политика и клучен сојузник на САД.

При посетата на Вашингтон минатиот месец, Ердоган се обидуваше јавно да го убеди претседателот Обама да испрати повеќе воена помош на опозициските сили во Сирија.
Во меѓувреме дома, неговата сила се намали. Широко распространетата осуда на насилството на владините сили за безбедност на плоштадот Таксим, според аналитичарите уште повеќе ќе го казни Ердоган. Според Арилиза, владата на Ердоган е под знак прашалник./Н.Р
