Холандија: Уапсен заради тест на интернет!
Објавено на 7 јуни, 2013 во 12:06
22 годишно момче од Ротердам, Холандија е уапсено под обвинение дека на интернет дистрибуирал тест наменет за сите училишта во земјата, пренесе Њујорк Тајмс.
Според локалните медиуми, за првпат во земјата се случило тест да „протече“ на интернет.
На компјутерот на уапсеното момче се пронајдени е-верзии на тестовите по француски јазик, ден пред тестирањето. Одборот за испити го одложи тестот со цел да има време да дистрибуира нови тестови ширум земјата. Промената на тестот засега околу 17.000 ученици.
Измамата беше откриена во училиште во „Ротердам“ каде забележале неправилност во компјутерскиот систем. Полицијата објави дека измамникот не бил ученик, ниту вработен во училиште./Н.Р