Пукање на колеџ во Калифорнија. Повредени три лица!
Три лица се повредени од огнено оружје на колеџот Санта Моника во Калифоринија. Напаѓачот е уапсен во библиотеката на колеџот, соопштила полицијата, а пренесуваат американските медиуми.
Сеуште не е јасно како се случил нападот, а спрема наводите на Лос Анџелс Тајмс во тројцата било пукано додека се наоѓале во автомобил.
Телевизиите во Америка јавуваат дека нападот се случил на неколку колометри оддалеченост од местото каде се наоѓал претседателот на САД, Барак Обама, кој учествувал на некаков хуанитарен собир. Првичните информации говорат дека нападот не е поврзан со него на ниеден начин.
Според непотврдените вести напаѓачот бил уапсен во библиотеката на колеџот но, не е познато дали е ранет.
Колеџот „Санта Моника“ веднаш бил затворен и до студентите бил упатен апел да не излегуваат од своите соби или училници.