Градоначалникот на Истамбул отстапува од градењето трговски центар и хотел на плоштадот Таксим!

Објавено: 8 јуни, 2013, во 16:52 часот

Градоначалникот на Истанбул Кадирт Топбаш денеска изрази подготвеност за откажување од изградбата на трговскиот центар, хотелот и станбената зграда. Наместо нив да се изгради општински музеј или изложбен центар. Тој додаде дека сите можности ќе бидат разгледани со архитектите, пренесоа турски медиуми.

Топбаш сепак напомена дека властите не се откажуваат од обновувањето на поранешната османска касарна на локација во паркот Гези, која беше разурната во 1940 година.

– Проектот за обновување на касарната е дел од нашите изборни ветувања и народот не ополномошти да ги спроведеме, додаде Топбаш.

Проектот за реконструкција на плоштадот Таксим предвидува уништување на паркот Гези и на 600-те дрвја во него, со цел да биде обновена османската касарна. Властите ја споменаа можноста таму да се изгради и трговски центар или станбена зграда што беше повод за протестите на граѓаните во Турција против премиерот Реџеп Таип Ердоган.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.