Рим: Авион присилно слета, тројца патници западнаа во состојба на шок!
Објавено: 8 јуни, 2013, во 17:12 часот
Аирбус А30, кој леташе на релација Букурешт – Рим, присилно слета на аеродромот во Рим откако се појавија проблеми со тркалата за слетување, кој не се извлекле од едната страна, пренесоа италијанските медиуми.
Пилотот мајсторски успеал да го приземји авионот со неиспраен систем на тркала, кој во еден момент целосно се навалил на едната страна. Во инцидентот нема повредени патници но тројца од нив западнале во состојба на шок.
Во моментот на слетување во авионот имало 160 патници а полицијата започнала истрага како би се утврдиле причините за несреќата.
