Шест турски полицајци се убиле бидејќи не сакаа да тргнат на својот народ!
Притисокот над турската полиција е огромен, треба да ја извршат најтешката наредба, на сопствениот народ кои протестира против авторитарната власт за некои припадници на турската полиција бил преголем психички шок.
Полицискиот синдикат на Турција денеска објави како шест припадници на полицијата извршиле самоубиство откако започнаа демонстрациите во истамбулскиот парк Гез, пренесува турскиот весник Хуриет.
Портпаролот на полицискиот синдикат Фарук Сезер потенцирал како полоцајците се изложени на голема критика поради употреба на прекумерна сила. Исто така тој нагласил дека полицијата е присилена да работи под тешки услови бидејќи биле донесени полицајци од други градови кои спиеле на клупи и картонски кутии поради недостиг од места за сместување. Сезер рекол дека полицајците немале доволно храна.
-Да ја ставиш полицијата во вакви услови е еднакво со предавство на државата – рекол Сезер.